AMD Strela

 

Еуромакс донираше спортска опрема за учениците од Иловица и Штука

Еуромакс донираше спортска опрема за учениците од Иловица и Штука
Објавено на: 09 Oct 2013

Во рамките на своите активности за јакнење на соработката и градење на цврсто партнерство со локалната заедница, Еуромакс ресоурсес донираше спортска опрема за потребите на основното училиште Св. „Кирил и Методиј“ од Иловица, општина Босилово. Учениците преку оваа донација добија комплетно нова спортска опрема и спортски реквизити, со што директно се поддржува и поттикнуваат спортските активности на учениците.

ILOVICA

Донацијата на Еуромакс ресоурсес, вклучува спортска облека (дресови и тренерки), патики и спортски реквизити, како ранци, топки и слично. Спортската опрема е наменета за учениците кој посетуваат настава во ова училиште и ќе можат да ја користат при учество на спортски настани.

EUROMAKS

Спортската опрема што ја обезбеди Еуромакс ресоурсес, беше предадена на користење на училишниот настан што се одржа во основното училиште Св. „Кирил и Методиј“ во Иловица. Овој традиционален настан се одржува секоја година во првата недела од октомври и е посветен на децата. Оваа година фокусот е ставен на првачињата. Со донација на школски прибор успешни училишни денови им посака и градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев.

KOLEV

На овој настан, свое обраќање имаше и претседателот на Управниот одбор и главен и извршен директор на Еуромакс ресоурсес, Стив Шарп.

Градењето на партнерски однос и јакнење на соработката со локалната заедница е од исклучително значење за Еуромакс. Ние сме исклучително задоволни што сме дел од локалната заедница, а денешната донација на спортска опрема за учениците е само дел од овие наши заложби. Еуромакс и во следниот период ќе продолжи да соработува интензивно со локалната заедница на различни проекти кои се од јавен интерес за жителите на овој регион.Искрено се надевам дека учениците што ќе освојат многу спортски успеси, а ние ќе продолжиме да ги подржуваме“, изјави Шарп.

EUROMAKS

Еуромакс ресорсес работи на развој на проектот за бакар и злато во Иловица, кој треба да започне со работа во 2017 година. Додекапроектот е сеуште вораните фази од развојот,се очекува во него да бидат ангажирани до 400луѓе и да бидат инвестирани околу500милиони долари. Во насока на вклучување на заедницата и зајакнување на партнерството Еуромакс ресоурсес отвори и Инфо-центар во Иловица, каде што сите заинтересирани можат да добијат информации за проектот.

ILOVICA

На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Босилово Љупчо Колев, кој ги поздрави првачињата и им се заблагодари на Еуромаск за донацијата и уште еднаш ја поздрави нивната иницијатива за инвестирање во најголемиот рудник во Југоисточна Европа.



Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK