AMD Strela

 

Интервју со Џон Свини за проeктот Управување со сливот на река Струмица

Интервју со Џон Свини за проeктот Управување со сливот на река Струмица
Објавено на: 15 Dec 2014

Проектот за управување со сливот на река Струмица во кој се вклучени како имплементатори УНДП, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион,Министерството за животна средина, општините и нивни јавни претпријатија и други институции е да се изработи потребната документациона основа и да се создадат услови за спроведување на сеопфатни мерки за подобрување на еколошкиот статус на водните тела во рамките на овој речен слив. Проектот кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка е заснован на новата генерација на пристапи за интегрално управување со водите воведени во националниот систем преку хармонизацијата со Рамковната директива за водите. Задолжен за обука на сите институционални преставници  но и граѓаните кои треба да год адат својот став и мислење во подготовка на документационата основа  е Џон Свини....

Кој е Џон Свини?

Џон Свини е меѓународен консултант, едукатор и практичар во областа на истражувањата на иднината и стратегиското планирање (т.н. Foresight планирање).Имам долгогодишно искуство во управувањето со проекти, особено во региони во развој. Претходно сум работел на осмислување и организирање на работилници, семинари, проекти со голем број на засегнати страни и системи за стратешко планирање во Белгија, Франција, Хаваи, Исланд, Индонезија, Јапонија, Мјанмар, Тајван, Тонга, Турција, Сингапур, Велика Британија, а сега и во Македонија. Одржувам професионални врски со различни меѓународни агенции, фондации и организации како што се Заедничкиот центар за истражување при Европската комисија, Фондацијата Рокфелер, УНЕСКО и УНДП.

s

Што го донесе од Хаваи во сливното подрачје на река Струмица, еден истражувач на „постнормални“ прашања?

Македонија е импресивна земја, со огромна природна убавина како онаа на Хаваи. Моментално работам како дел од тимот на УНДП кој што го спроведува Проектот за управување со сливот на река Струмица, во чиишто граници влегуваат вкупно шест општини (Радовиш, Конче, Струмица, Ново Село, Василево и Босилово) и над 120,000 жители. Станува збор комплексен проект од областа на заштитата и одржливото управување со водите, кој има потенцијал да донесе бројни придобивки за целокупниот регион.

Кога дознав за овој проект, со голема возбуда им предложив на УНДП проект за примена на т.н. Foresight техники за прашања од областа на животната средина – нешто што претходно сум го применувал на Хаваи. Заштитата на животната средина и управувањето со ресурсите се вбројуваат помеѓу главните предизвици со коишто денес се соочува светот. За мене претставува огромна привилегија тоа што имам можност да придонесам кон напорите на регионот да се надминат овие предизвици и да се искористат можностите кои му се на располагање.

s


Што претставува Foresight eXplorer и зошто е ова вистинската алатка за Проектот за управување со сливот на река Струмица?

Foresight eXplorer е систем на игри дизајниран да го поддржи процесот на развој на сценарија за иднината преку вклучување и соработка на сите засегнати страни. Станува збор за иновативен пристап кој ја поттикнува имагинативната конверзација помеѓу луѓето, со цел да им овозможи да го искажат своето мислење, и тоа преку креативна игра. Конвенционалните работилници може да бидат досадни и често не ја постигнуваат целта за суштинско вклучување на луѓето. Foresight eXplorer овозможува вистинско вклучување, а со тоа и подобар увид во ризиците, неизвесностите и слабостите на управувањето со водите во сливот на река Струмица.

d


Зошто е важност да се вклучат луѓето во овој проект?

Учеството на луѓето е од критичка важност за доброто управување. Преку „отворањето“ на овој проект кон луѓето, ние се обидуваме да ја покажеме вредноста на локалното знаење и мудрост околу предизвиците и можностите поврзани со управувањето со водите на регионот. Луѓето кои што живеат во ова сливно подрачје се „експертите“ за клучните аспекти на управувањето со водите во нивното секојдневие. Затоа, од особена важност е да се слушне нивниот глас на овие теми.

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK