AMD Strela

 

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне
Објавено на: 01 May 2015

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети буквално немаше игла каде да падне, а во рестораните до брегот на наполнетото до врв Дојранско Езеро се бараше место повеќе и за него се чекаше и по неколку часови. За некои угостителски објекти времето како да застанало во деведесеттите години, па не се потрудиле ниту да ги зголемат капацитети со поставување дополнителни маси, ниту пак да ангажираат дополнителна работна сила. Еден угостител рече:„Место имаме, ама немаме келнери. Никој не сака да работи за празник!“ Затоа на многу места имаше тепачка да се освои слободна маса, а победуваше тој што имаше врски со малубројните келнери.

И на крај и за нашата еколошка свест. Лименки од пиво и друг отпад го „красеа“ крајбрежието, како доказ дека се славеше празникот на трудот. 

wdqwdqw

12e12

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK