AMD Strela

 

Двајца мртви покрај патот Банско-Габрово

Двајца мртви покрај патот Банско-Габрово
Објавено на: 14 Apr 2017

Според првичните информации покрај патот Банско-Габрово биле пронајдени две безживотни тела на момчиња од селото Бориево на 17 и 18 годишна возраст. Трагичниот настан го потврдија и од МВР. Оттаму информираат дека денеска во 13,30 часот настанот бил пријавен во струмичката полиција, која веднаш излегла на местото на несреќата и врши увид. Од првичните сознанија двете момчиња синоќа излегле со моторцикл и се движеле во околината. Откако во доцните вечерни часови не се вратиле дома, нивните најблиски организирале потера по нив  по што денеска напладне ги пронашле мртви покрај патот Банско-Габрово.

Од полицијата потврдија дека несреќата се случила во доцните вечерни часови, а до телата на загинатите момчиња бил и моторциклот со кој се превезувале.

Од МВР повеќе информации за оваа трагедија најавуваат за подоцна или утре.

                                                                                                                                                                                                                                                                    Р.Т.

(Фото илустрација Интернет)

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK