AMD Strela

 

Момчињата од Бориево починале од излетување на моторциклот од патот

Момчињата од Бориево починале од излетување на моторциклот од патот
Објавено на: 15 Apr 2017

Вчера во 02.00 часот на регионалниот пат меѓу селата Банско и Габрово се случила сообраќајна незгода во која 15-годишник од с.Бориево, Струмичко, управувајќи мопед „Априлиа“ без регистарски броеви, изгубил контрола над истиот и излетал надвор од коловозот, стои во денешната информација на МВР објавена во денешниот билтен.

Во незгодата на место починале возачот и сопатникот Н.С. (26) од с.Моноспитово, Струмичко. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Струмица и лекар од судска медицина Скопје. По наредба на јавен обвинител телата на починатите се пренесени во градска капела Струмица. Сообраќајната незгода е пријавена во СВР Струмица во 13.10 часот.

Според првичните информации двете безживотни тела на момчиња од селото Бориево на 15 и 26 годишна возраст биле прнајдени покрај патот. Според досегашните информации двете момчиња во четвртокот вечерта излегле со моторцикл и се движеле во околината. Откако во доцните вечерни часови не се вратиле дома, нивните најблиски организирале потера по нив  по што ги пронашле мртви.

                                                                                                                                                                                                                                                                    Р.Т.

(Фото илустрација Интернет)

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK