AMD Strela

 

Промоција на нова книга од Наташа Василевска-Трајчевска

Промоција на нова книга од Наташа Василевска-Трајчевска
Објавено на: 17 Apr 2017

Наташа Всилевска-Трајчевска родена 1979 год. во Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет "Блаже Конески"  и магистрирала на Институтот за македонска книжевност во Скопје. Автор е на збирките поезија "Неоткриена земја" (1997, УСО "Јане Сандански"), "Коприви" (2008, Матица македонска-Панили), необјавената монодрама "Зад решетките" и научниот труд "Празнување на Проштени поклади (Прочка) во Струмица и Струмичко" (2013, Матица македонска". Добитник е на повеќе награди од областа на литературата. Дел од нејзината поезија е преведена на бугарски и полски јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Клубот на жени писатели на ДПМ.
"Тихување на сончогледите" е нејзина трета книга поезија во која својот поетски изказ му го потчинува на божественото во човекот, а во триесеттината песни како автохтоно поетско кредо ја присвојува молитвата. Оваа стихозбирка е во издание на "Макавеј". 

Промотори на книгата се Архимандрит о.Јаков,игумен на манастирот Св. Ѓорѓи, Ново Село и Ацо Гогов,литературен критичар.

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK