AMD Strela

 

Гевгелиски келнер сведочеше дека ги служел со пијачки анестезиолозите пред породувањето на Маја Кадиева

Гевгелиски келнер сведочеше дека ги служел со пијачки анестезиолозите пред породувањето на Маја Кадиева
Објавено на: 18 Apr 2017

Келнерот Александар Манчевски денеска во судницата на судот во Велес сведочеше дека двајцата анестезиолози на болницата во Гевгелија пред породувањето на Маја Кадиева биле гости во кафе барот каде тој работел и освен што дошле поднапиени испиле уште по некоја пијачка.

 - Тоа попладне, двајцата анестезиолези дојдоа во кафулето во полупијана состојба и за околу два часа колку што останаа, нарачааа по три до четири коњаци и јас ги послужив. Доктор Јовановски, кој сега е починат, го познавав од порано, а доктор Ванчев прв пат го видов. Откако ги испија пијалоците, околу 20 часот и 30 минути станаа и си заминаа, сведочеше Манчевски.

По завршувањето на денешниот главен претрес сопругот на починатата Кадиева, Димитрија, рече дека сведочењето на Манчевски му ја вратило довербата во чесните и доблесни луѓе. Исто така, тој го потсети директорот на гевгелиската болница дека ќе треба да си даде оставка бидејќи  започна докажувањето на алхохолизираноста на анестезиолозите.

Преземено од Дума

Повеќе на: http://www.duma.mk/index.php/region/veles/22046-2017-04-18-16-04-18

 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK