AMD Strela

 

Советничката група на СДСМ од Валандово бара референдум за рудниците

Советничката група на СДСМ од Валандово бара референдум за рудниците
Објавено на: 24 Apr 2017

Прес конференција
Перо Костадинов, Координатор на советничката група на СДСМ
Валандово, 24.04.2017

(Интегрален текст)

Најнапред, им честитаме на граѓаните на Општина Гевгелија за успешно организираниот референдум преку кој едногласно и најдиректно им рекоа НЕ на рудниците за злато.

Нашата општина Валандово веќе подолг период е исправена пред истите предизвици и ризици од отварање на рудници и претвoрање на земјоделската и еколошка Валандовска котлина во рударски крај. Со оглед на сериозноста на прашањето, Советничката група на СДСМ на 11-ти април 2017 година, поднесе барање за свикување на итна и јавна седница на Советот на која ќе се дискутира забарањата на граѓанската иницијатива “Спас за Валандово”, но до денеска се уште не нема одговор нашите барања.

Затоа, денес упатувам уште еден апел до претседателката на Советот на Општина Валандово г-ѓа Јасминка Сечкова и до сите наши колеги советници во Советот на Општина Валандово без оглед на нивната партиска припадност во најбрз можен рок да ја одржиме Седницата на Советот на Општина Валандово на која би изгласале одлука за одржување на референдум. На реферндумот граѓаните на нашата општина би го искажале својот став по однос на прашањето за отворање рудници во Валандовската котлина која важи за една од најеколошките котлини во Македонија.

Граѓаните заслужуваат самостојно да одлучуваат дали во нивната средина сакаат да се отворат рудници и Советот во Општината е должен да им го овозможи тоа право.

 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK