AMD Strela

 

Сите информации за проектот за рудникот за бакар и злато Иловица јавно достапни

Сите информации за проектот за рудникот за бакар и злато Иловица јавно достапни
Објавено на: 27 Apr 2017

27.04.2017, Скопје – Проектот за развој на рудникот за злато и бакар во Иловица се одвива на целосно транспарентен начин и во согласност со принципите на корпоративна општествена одговорност и високите стандарди на домашното и интернационалното законодавство. Сите документи и студии поврзани со развојот на проектот, како и студијата за оценка на влијанието на проектот на животната средина и социјалните политики на компанијата, се целосно јавно достапни и се ставени на увид на јавноста.  

Во интерес на правилно и точно информирање, Еуромакс сите прашања и одговори поврзани со проектот ги објавува на својата интернет страница: http://www.euromaxresources.com/ и http://euromaxresources.mk/. Тука можат да се најдат одговорите на најчестите прашања за кои се интересираат граѓаните, институциите и различните организации од владиниот и невладиниот сектор, како и други значајни документи поврзани со проектот.

Чекор понатаму кон нашата транспарентност кон сите заинтересирани поединци, групи и институции е и Информативниот Центар на Еуромакс, лоциран во селото Иловица, каде сите заинтересирани можат да добијат подетални информации и податоци за проектот како и примероци од студијата за оценка на влијанието врз животната средина. Исто така, сите заинтересирани страни можат да постават и дополнително прашање по писмен или електронски пат на info@euromaxresources.mk и на истото ќе добијат одговор. Компанијата исто така одржи серија на “отворени денови за јавноста” за локалното население и општината каде што сите заинтересирани страни можеа да дојдат и да слушнат за проектот и да добијат одговори на нивните прашања. Овие активности компанијата ги спроведе дополнително кон барањата од домашното законодавство за пристап до информации од јавен карактер, кон кое компанијата се придржува и работи.

Влијанијата од проектот се детално елаборирани во студијата за оцена на влијанието врз животната средина, која е исто така јавно јавно достапна, како што е наведено погоре. Во изготвувањето на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, покрај тимот на Еуромакс работеа и независни експерти од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои беа ангажирани во истражувањето и утврдувањето на социо-економските состојби, сообраќајот, квалитетот на воздухот и бучавата. Домашната компанија „Биомастер“ работеше во делот на екологијата, а Музејот во Струмица во делот на археологијата и културното наследство. Водостопанство „Струмичко поле“ од Струмица, Управата за хидрометеоролошки работи, Пречистителната станица „Иловица“ и Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица се вклучија во областите од нивен домен. Покрај домашните институции, на оваа студија работеа и врвните меѓународни консултантски компании „Голдер Асоушиејтс“ и „Шламберже Уотер Сервисис’’ кои се со огромно искуство во областа и ја заверија студијата.

 Ги повикуваме и во следниот период сите заинтересирани страни да ги користат сите јавно достапни информации од компанијата.

 „Еуромакс Ресоурцес“ е реномирана компанија која котира на берзата во Торонто, Канада и Њујорк, САД. Сите активности на компанијата редовно и транспарентно се објавуваат, со што се достапни за сите заинтересирани страни согласно барањата од котација на странските берзи. Развојот на проектот за бакар и злато „Иловица-Штука“ тече веќе 10 години во соработка со сите релевантни државни институции на Република Македонија. Компанијата ја доби концесијата за експлоатација во 2012 година, по што продолжија сите активности за целосно исполнување на обврските што произлегуваат од македонското законодавство.

Покрај Еуромакс, во проектот за бакар и злато „Иловица-Штука“ учествува и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со удел од 20%. Учеството на ЕБОР во овој проект е само дополнителна потврда за почитувањето на строгите критериуми, особено во делот на заштитата на животната средина. Токму затоа, првичната студија за оцената на влијанието на проектот врз животната средина, што е еден од клучните документи за добивање на понатамошните дозволи за отворање и работа на рудникот, беше проширена за да се задоволат високите стандарди на ЕБОР, како и „Екватор принципите“. Покрај ЕБОР, дел од овој проект е финансиски поддржан и од Германскиот гарантен фонд (UFK = Garantien für Ungebundene Finanzkredite) на германската влада кој го поддржа проектот. 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK