AMD Strela

 

Блашко Шапов кандидат за градоначалник од СДСМ за Богданци

Блашко Шапов кандидат за градоначалник од СДСМ за Богданци
Објавено на: 05 Sep 2017

Во денешното оопштение на централата на СДСМ официјално се соопштени повеќе имиња за кандидати за градоначалници со кои партијата ќе настапи на претстојните локални избори. За Богданци е предложен Блашко Шапов, актуелен претседател на Општинската организација на СДСМ и претседател на Советот на општина Богданци.

Соопштение за јавност

 СДСМ на претстојните локални избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните.

Во насока на транспаретноста и навременото информирање на јавноста известуваме дека до денеска завршена е постапката и потврдени се кандидатите на СДСМ за градоначалници за локалните избори 2017 година во следните општини:

За Град Скопје кандидат за градоначалник на СДСМ е Петре Шилегов.

Во општините во рамки на Скопје кандидати се: Златко Марин за градоначлник на општина Аеродром, Велимир Смилевски за општина Бутел, Борче Георгиевски во општина Гази Баба, Александар Наумоски во општина Ѓорче Петров, Стефан Богоев во општина Карпош и Филип Темелковски во општина Кисела Вода.

Во останатите општини во Македонија потврдени се следните кандидати: за општина Арачиново - Миликије Халими, Богданци – Блашко Шапов, Брвеница – Мирко Стојановски, Валандово, – Перо Костадинов, Вевчани – Сашо Јанкоски, Виница – Ивица Димитров, Демир Капија – Лазар Петров, Зелениково Борче Гиевски, Јегуновце – Дарко Блажевски, Карбинци – Јордан Насев, Конче – Благој Илиев, Кривогаштани – Рубично Шефтеровски, Крушево – Томе Христоски, Могила – Јасмина Гулевска, Новаци – Љубе Кузмановски, Ново Село – Боро Стојчев, Охрид – Јован Стојановски, Пехчево –Драган Тренчевски, Пласница – Шпресим Ајроски, Св. Николе – Сашо Велковски, Сопиште - Далибор Богдановски, Чашка – Горан Стојановски и за општина Штип – Благој Бочварски.

 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK