AMD Strela

 

Премиерот Заев го отвори Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Премиерот Заев го отвори Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“
Објавено на: 08 Sep 2017

На ниту едно досегашно отворање на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ не се случило да присуствуваат премиер, министер за култура, пратеници и локални политичари од двете најголеми политички партии, посебно од ВМРО ДПМНЕ, чии функционери досега многу ретко се појавуваа на оваа манифестација. Дали тоа се должи на блискиот тајминг за одржување на локалните избори или пак да го удостојат Денот на независноста, најдобро знаат тие. Но едно е јасно: ФКТ „Ристо Шишков“, кој годинава одбележува сребен јубилеј, заслужува таков однос и од власта и од опозицијата.

Тоа го истакна во своето обраќање и премиерот Заев при прогласувањето на фестивалот за отворен.

-Поддршката за културата и уметноста во Струмица е континуирана и нагласена. Меѓу првите работи што ги направивме првите 100 дена од работата на новата Влада, беше да ја обезбедиме заслужената поддршка на повеќе културни манифестации, како Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, како Струмица Опен фест, но други значајни културни инцијативи низ државата. Така ќе биде и во иднина! Ја исправаме повеќегодишната неправда кон Струмица и овие манифестации, кои добиваа безначајни средства и беа речиси игнорирани само поради тоа што доаѓаат од град, со кој раководеше политичка опција спротивна на онаа која 11 години владееше со нашата земја. Новата влада, донесе и нов пристап во поддршката на културата. Еднаков старт за сите иницијативи. Квалитетот, иновативноста, инклузивноста, модерниот израз и јавниот интерес се само дел од критериумите. Непринципиелните привилегии, партиски обоените фаворизирања и протекционизмот во културата, се минато, истакна претседателот на Владата на Македонија во своето обраќање.

Во изјавата пред кревањето на завесата на годинашново јубилејно издание на фестивалот, министерот Роберт Алаѓозовски рече:

-Фестивалот го затекнав во една ситуација кога немаше доволно средства и на некој чуден начин беше игнориран од  моите претходници. Тоа што прво направивме е од разни заштеди го поддржавме фестивалот, зашто знаевме дека тој тоа го заслужува. Фестивалот од нас може да очекува зголемена поддршка, се разбира се додека испорачува културен и театарски живот, кој ќе привлекува голем дел од граѓаните на Струмица за да можат да ги задоволат своите културни потреби, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Селекторот Благоја Стефановски изборот на претставите го направил според актерските остварувања, кои се квалитетни и ги има многу на фестивалската програма.

-Сметам дека има добри актерски остварувања и голем тим на ѕвезди кои можат да донесат квалитет на еден ваков фестивал. Сметам дека ќе имаме интересен фестивал и според мене неколку театри ќе го имаат главниот збор, рече Стефановски.

Преседателот на фестивалското жири и лански лауерат, Зијах Соколовиќ, вели дека преку учеството во жирито се продлжува и учеството на актерите на фестивалот,кои на тој начин ја зацврствуваат врската со Ристо Шишков.

-По една година повторно сум тука и тоа многу убаво звучи кога човек има време да го наследи времето и просторот на еден актер каков што е Ристо Шишков и контакт со неговиот дух. Има многу претстави, има многу актери и верувам дека ќе го пронајдеме најдобриот пат  наградата да заврши во вистински раце, рече Соколовиќ.

Пред свеченото отворање на фестивалот, беше промовирана изложбата од фотографии на Сречко Гунчев насловена како „ФКТ низ објективот на Сречко Гунчев“.

На првиот фестивалски ден се претставија актерите од Националнот театар на Косово со претставата „Коските што доцна доаѓаат“ од Теки Дервиши во режија на Мартин Кочовски и студентите од класата на професорот Мето Јовановски со претставата „Животот е магичен круг и од тоа нема бегање“.

Вториот фестивалски ден продолжува со разговорите на тркалезната маса за одиграните претстави, промоција на книгата „Глумецот...е глумец...е глумец“ од Зијах Соколовиќ. Во продолжение следуваат претставите на струмичкиот театар „Џон Габриел Боркман“ од Хенрих Ибзен во режија на Горан Тренчовски и уште една претстава од Ибезен-„Нора“ во изведба на Драмскиот куклен театар од Враца (Бугарија) во режија на Ник Упер, а вториот фестивалски дена ќе го затвори претставата „Зоо приказна“ од Едвард Олби во режија на Здравко Стојмиров во изведба на Мал драмски театар од Битола.

Ристо Тасев

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK