AMD Strela

 

Демант од ФКТ „Ристо Шишков“ на лажните вести објавени на порталите „Курир“ и „Република“ за отворањето на фестивалот

Демант од ФКТ „Ристо Шишков“ на лажните вести објавени на порталите „Курир“ и „Република“ за отворањето на фестивалот
Објавено на: 09 Sep 2017

Во целост ги отрфламе невистините објавени на порталите „Курир“ и „Република„. Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“ посветен на великанот на нашето актерство не заслужува ваков однос од страна на медиуми коишто очигледно се фокусирани на политички наместо на национални интереси.
Тврдењето дека претставата „Коските што доцна доаѓаат“ на Националниот театар - Косово, е претстава за некаква голема Албанија, е чиста измислица и класична театарска неписменост. Оваа претстава се занимава со судбината на индивидуата со изгубен идентитет, и ги прикажува односите меѓу луѓето во една типична Орвеоловска реалност. Инаку, претставата е режиско дело на европски познатиот и најнаградуван македонски режисер во последните неколку години, Мартин Кочовски, факт кој сите во Македонија треба да не гордее.
Ако претставата е таква каква што ја прикажуваат „Курир“ и „Република“, тогаш се поставува логичното прашање, зошто овие портали молчеа минатиот септември , кога истата таа претстава од истиот Национален театар од Косово, гостуваше на фестивалот „Млад отворен театар“ во Скопје поддржан од тогашното Министерство за култура и Град Скопје, предводени од тогашното раководство од политичката партија ВМРО ДПМНЕ.
Како тоа, една нормална претстава за МОТ, стана скандалозна претстава за ФКТ „Ристо Шишков“ зборува за немањето основно, елемнтарно чувство за професионално известување и информирање на граѓаните и водење исклучиво од партиски интереси. 
Тврдењето дека Премиерот Заев бил исвиркан на отворањето на фестивалот, е уште една лага. Блуткав специјалитет на измислиување лажни вести на „Курир“ и Република“ или уште еден „нус производ“. Тоа што по партиска директива салата ја напуштија 7-8 членови на УМС на ВМРО ДПМНЕ, предводени од кандидатот за градоначаклник од оваа партија, Марјан Бајрактаров потврдува корелација и смислена игра за по секоја цена да се урне реномето на овој меѓународен фестивал.
Евтиното сценарио што лошо го изглумија неколкуте струмички опозиционери, е само доказ за отсуство на лична култура и непознавање на театарскиот бон-тон.

Очекувам дека производителите на лаги од „Курир“ и „Република“ и ним сличните слуги на партијата ВМРО ДПМНЕ ќе го објават овој демант, граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината.
Ванчо Ристов
Директор на ФКТ „Ристо Шишков“

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK