AMD Strela

 

„НОВУС“ со тркалезна маса за отчетноста и транспаретноста на институциите

„НОВУС“ со тркалезна маса за отчетноста и транспаретноста на институциите
Објавено на: 13 Sep 2017

Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица утре (четврток 14 септември)организира тркалезна маса на тема „Прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспарентност и отчетност на институциите од Југоисточниот плански регион“. Тркалезната маса ќе се одржи во Домот на АРМ со почеток во 18 часот.

Целта на оваа дебата е да се слушнат различни ставови и искуства, да се актуелизира прашањето за прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспаретност и отчетност на институциите од ЈИПР со цел зголемување на информираноста на граѓаните.

Покрај ова, цел е и да се поттикне здружено делување на НВО организациите и медиумите од Југоисточниот регион во насока на заеднички пристап кон мобилизирање на што поголем број на граѓани да се поттикнат да бидат коректив на властите и активно да влијаат врз работата на локалните и државните институции на отчетноста и јавните информации.

Тркалезната маса се организира со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија со финансиска поддршка од Европската Унија.

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK