AMD Strela

 

Јаневски:Струмица останува општина за сите

Јаневски:Струмица останува општина за сите
Објавено на: 12 Oct 2017

Интегрален текст од обраќањето на доктор Коста Јаневски, кандидат за градоначалник на општина Струмица од СДСМ

Преостануваат уште два дена од изборната кампања и уште четири денови до затворањето на гласачките места. Иднината на општина Струмица во наредните четири години е во ваши раце. Вие треба да одлучите кому ќе му ја дадете вашата доверба. Во овој предизборен период секојдневно бевме меѓу вас. Ви благодариме на големата поддршка која ни ја давате. И големиот митинг во Струмица ја покажа вашата одлучност и неисцрпната енергија која ја имате за оваа наша Струмица, но и поддршката за мене како кандидат за градоначалник и за советничката листа на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата.

 Нашата визија за претстојниот четиригодишен мандат е јасна. Нудиме проекти кои се реални решенија на вашите проблеми, но и кои обезбедуваат прогресивен развој на општина Струмица. Струмица и натаму ќе биде секогаш прва во се.

 Тоа ние и го должиме на општината, бидејќи никогаш не смееме да престанеме да бидеме тоа што сме:ОПШТИНА ЗА СИТЕ, ВО КОЈА ЌЕ ИМА ЖИВОТ ЗА СИТЕ!

 Децата се нашиот приоритет. Тие се иднината на нашата Општина. Ќе ги прошириме капацитетите во градинката „Детска радост“ во клоновите 2 и 6. 

Ќе изградиме нова градинка во касарната и ќе ги довршиме започнатите проекти за изградба на градинки во Куклиш, Муртино и Просениково.  

Ќе изградиме Центар за целодневен престој на деца од 6 до 10 години. Со тоа ќе се реши проблемот на родителите кои поради работни или други обврски не се во можност да бидат со своите деца и да им помагаат при извршувањето на училишните обврски. Ќе обезбедиме бесплатен оброк за сите ученици во основното образование.

 Ќе го дислоцираме средношколскиот дом на средното училиште „Димитар Влахов“ во комплексот на училиштето. Со тоа ќе се обезбеди поспокоен и помирен живот за средношколците. Ќе ги модернизираме училиштата и ќе овозможиме квалитетна настава за сите ученици.

 Почитувани граѓани,

 Нудиме програма која обезбедува квалитетен живот на сите категории граѓани. Затоа, излезете масовно в недела на 15 октомври и со својот глас покажете и докажете дека ја саката нашата Струмица. 

ЗАОКРУЖЕТЕ ГО БРОЈОТ 19  и дозволете ми мене и на членовите на Советот да продолжиме да ја развиваме Струмица, општина на сите граѓани.

 

 

 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK