AMD Strela

 

„Фолк Фест Валандово“ повторно ќе се одржува во мај

„Фолк Фест Валандово“ повторно ќе се одржува во мај
Објавено на: 10 Feb 2018

Новото издание на „Фолк Фест Валандово“ ќе се одржи на 24 и 25 мај годинава, соопшти градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на вчерашната прес конференција.

-“Фолк Фест“ Валандово, опстојува повеќе од три децении и претставува еден од најзначајните фестивали за фолк музика на Балканскиот Полуостров. Почетоците на фестивалот се од 1985 година. Досега на фестивалот имаат настапено најголемите македонски и балкански звезди од фолк музиката, а исто така се имаат испеано и најголемиот дел од македонските фолк хитови, рече градоначалникот Костадинов.

Поради вредносното значење на “Фолк Фест“ Валандово, за македонската култура, како и поради долгогодишното обезличување на истиот, одлучено е оваа година да се формира програмски совет кој ќе раководи со фестивалот и кој ќе биде составен од врвни професионалци од музичката фела. Членови на Советот се професорот Живојин Глишиќ, пејачот Ефто Пупиновски, композиторот Методија Антовски и културниот работник Ѓоко Павлов.

Конкурсот за новокомпонирани композиции е продолжен денес и ќе биде отворен до 28 февруари.

Медиумски партнер на фестивалот како и досега ќе биде МРТВ.

ИЗВОР:МИА

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK