AMD Strela

 

Струмичанец се самозадоволувал пред рекреативки на трим патеката

Струмичанец се самозадоволувал пред рекреативки на трим патеката
Објавено на: 12 Feb 2018

Полицијата поднесе кривична пријава против дваесет и осум годишниот Р.Џ. од Струмица порад сомневање дека сторил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“.

-На 3 овој месец околу 10 часот додека пријавителката  заедно со нејзина другарка од Струмица оделе пеш по трим патеката од Ловен Дом кон манастирот „Св.Илија“, го забележале Р.Џ. полулегнат на една клупа во близина на Иванова Чешма. Кога ги здогледал, Р.Џ. го соблекол долниот дел од тренерките и почнал да се самозадоволува и да оди кон нив. Тие се исплашиле и побегнале. После тоа, го пријавиле настанот во СВР Струмица, информираше портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Откако бил пријавен настанот, осоничениот бил пронајден од полицијата и лишен од слобода.

ИЗВОР: МИА

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK