AMD Strela
River Soft

 

Изгоре салон за мебел кај Василево, за малку не зафати бензинска пумпа

Изгоре салон за мебел кај Василево, за малку не зафати бензинска пумпа
Објавено на: 09 Apr 2018

Големиот пожар кој избувна попладнево на влезот во ИНдустриската зона кај Василево и во кој целосно изгоре салонот за мебел Савело“ е локализиран. Пожарникарите не дозволија пламените јазици да се прошират и да ја зафатат бензинската пумпа на „Тритерол“, која од изгорениот објект е оддалечена десетина метри, односно ја дели улицата преку која се влегува во Индустриската зона.

Според очевидци пожарот избувнал околу 14 часот, а први го забележале вработените во бензинската пумпа, кои веднаш  ја алармирале Противпожарната единица и полицијата.

Во пожарот целосно е уништен објектот, како и голема количина на нов мебел наменет за продажба,  а штетата дополнително ќе се утврдува.

Поради пожарот попладнево сообраќајот на патниот правец Струмица-Василево-Радовиш се одвиваше по стариот пат со повремени застои.

На местото на пожарот екипи на МВР вршат увид, а причините за овој голем пожар ќе се утврдуваат дополнително.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK