AMD Strela

 

Градоначалникот Јаневски одржа средба со амабасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ

Градоначалникот Јаневски одржа средба со амабасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ
Објавено на: 11 Apr 2018

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, денеска, одржа средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Лепа Бабиќ.

На средбата тие разговараа за актуелните состојби и планираните активности на општината и амбасадата. По заедничкиот заклучок дека Македонија и Босна и Херцеговина имаат одлична регионална соработка, посебен акцент во разговорот беше ставен на проширувањето на соработката на локално ниво. Амбасадорката Бабиќ му предложи на Јаневски, воспоставување соработка на општина Струмица со општината Котор Варош, најразвиена општина во Република Српска, а на која општина Струмица може многу да и помогне со сопственото искуство во искористувањето на средства од Европските фондови. Градоначалникот Јаневски ја прифати идејата, потенцирајќи дека општина Струмица секогаш е отворена за соработка и реализација на заеднички проекти во интерес на граѓаните од двете општини.
На средбата, амбасадорката Бабиќ го информираше градоначалникот Јаневски дека амбасадата на Босна и Херцеговина планира одржување на заедничка конференција меѓу градоначалниците од двете држави, а чија цел ќе биде размена на искуства и позитивни практики, како и формирање бизнис клуб кој ќе ги поттикне стопанските комори на уште поголема соработка.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK