Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Богданци, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 01.08.2018 година се објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Поддршка од ранливите за најранливите 2” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месецизаради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месецистатусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денаримесечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
- Млади лица до 29 години
- Лица постари од 50 години
- Лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност
- Лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование
- Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- Жртви на семејно насилство
- Инвалидни лица
- Жени припадници на помалите етнички заедници
- Лица припадници на ромската етничка заедница
- Самохрани родители
- Родители на деца со пречки во развојот
- Родители на 3 и повеќе деца
- Лица со незавршено средно или пониско образование
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
- Општ работник (Одржување на хигиена и уредување на дворни површини, набавка на намирници услуга наменета застарите и изнемоштените лица)
- Помошник неговател (Асистирање при пружање на различни видови нега од страна на негувателите (стручните лица) во дневниот центар за деца со посебни потреби- Гевгелија)
Заинтeресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелијаво периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Богданции избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Богданцикај лицето Марјан Пеев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија кај лицето Тодор Ристов, Центар за социјлна работа Гевгелија кај лицето Лазо Трајков.
„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…
Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…
Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…
Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…
Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…