AMD Strela

 

Еуромакс:„Иловица-Штука“ нема да користи цијанид

Еуромакс:„Иловица-Штука“ нема да користи цијанид
Објавено на: 09 Aug 2018

Проектот за бакар „Иловица-Штука“е целосно безбеден и се развива според највисоките стандарди за животна средина, според  домашното и меѓународното законодавство. Сите обвинувања кон проектот се изнесени на паушални основи и не се поткрепени со никакви факти, порачуваат од Еуромакс ресоурцес.

За да се одвива конструктувен дијалог, сите заинтересирани страни можат да извршат увид во целокупната документација на проектот, која е јавно достапна. Дополнително на тоа Еуромакс ресоурсис ја продолжува комуникацијата со сите заинтересирани страни, вкучувајќи ги и граѓанските организации.

Имајќи го предвид ставот на локалната заедница, менаџментот на компанијата донесе одлука да не го користи цијанидот во постапката, како и суфурната киселина. Тоа е јасна потврда дека определба на компанијата е да проектот да се развива со поддршка на локалната заедница.

Рудникот ќе работи согласно еколошките стандарди, повисоки од оние утврдени од ЕУ, без никакво влијание врз земјоделството. Еуромакс спроведе транспарентно и сеопфатно вклучување на заедницата и засегнатите страни во текот на изминатите 4 години, и истото е темелно документирано во Студијата за влијанието врз животната средина.

Со отстранувањето на цијанидот од процесот за обработка на рудата,примарниот производ на проектот“Иловица-Штука”сега ќе биде бакар.

Главниот процес на преработка на рудата е флотација, физички процес преку кој ќе се произведува бакарен концентрат и ќе биде транспортиран во топилница во Бугарија. Овој процес на флотација е сличен на сите постојни големи рудници за метали во Македонија и не вклучува хемиски реакции за растворање на рудата.

Реализацијата на проектот за бакар „Иловица-Штука“ ќе има голем економски бенефит за локалната и националната економија.  Ќе се отворат 500 нови директни работни места и над 2700 индиректни вработувања во компаниите изведувачи. Во соработката предност ќе имаат локалните компании, што ќе биде дополнителен поттик за локалната економија. На национално ниво проектот ќе учествува со со 3% од БДП на Македонија и ќе  обезбедува даночни приходи во висина од 24 милиони евра годишно.

Извор:Соопштение на Еуромакс ресоурцес

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK