AMD Strela

 

Фoрум за вмрежување на млади невработени лица со претставници на бизнис секторот во Струмица

Фoрум за вмрежување на млади невработени лица со претставници на бизнис секторот во Струмица
Објавено на: 29 Oct 2019

Центарот на заедницата на општина Струмица во рамките на проектот „Младите - клуч за иднината на бизнис секторот“, вечерва во големата сала во Дом на АРМ-Струмица организираше Форум за вмрежување на млади невработени лица со претставници на бизнис секторот во Струмица. Проектот, кој работи во насока на подобрување на положбата на пазарот на трудот на младите невработени лица и лица кои се дел од маргинализирани групи, првично преку детерминирање на компетитивните предности со кои што тие лица располагаат, се спроведува во партнерство со Струмичката Бизнис Заедница.

-Сакаме да поттикнеме интерес кај младите за доусовршување, доквалификација и подобрување на вештините и можностите за вработување, со организирање на специјални обуки и формирање на Инфо пункт кој ќе располага со база на информации од граѓанскиот и бизнис секоторот и ќе служи како медијатор, односно ќе биде врската помеѓу организациите и младите лица, рече Миле Георгиев, проектен координатор.

 

Проектот се спроведува во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

-Идејата со овој форум е токму да ги приближиме младите до бизнисмените и обратно. Сега е момент кога треба да сфатиме дека работната сила треба се повеќе да се вреднува и истата да  биде платена соодветно, но од друга страна младите треба да сфатат дека треба да понудат поквалитетни услуги и да го одработат месецот за на крај да  може работодавецот да им исплати месечна плата, рече Тони Костов од компанијата „Ривер софт“.

На настанот присуствуваа претставници од бизнис заедницата на Струмица, млади невработени лица, претставници на општинските органи, претставници на средните училишта, претставници на граѓански организации и граѓани. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK