AMD Strela

 

Втора година бесплатни училишни униформи за првачињата

Втора година бесплатни училишни униформи за првачињата
Објавено на: 30 Oct 2019

 Вкупно 628 ученици од прво одделение во општинските основни училишта добија училишни униформи. Средствата во висина од 650 илјади денари се обезбедени од буџетот на општина Струмица. Уште една мерка на градоначалникот Коста Јаневски која го помага домашниот буџет на родителите на првачињата, а се спроведува втора година по ред.

 -Со униформите децата изгледаат прекрасно и уредно, им помагаат да се сконцентрираат на наставните програми, да имаат подобар успех во учењето и јас тоа од се срце им го посакувам. Ова е уште еден сегмент од онаа опсежна програма која што ние ја нарековме Струмица грижлив град, со обезбедувањето на здрав оброк, помагањето на социјално загрозените категории, обезбедување на униформите и други такви наши активности кои се надевам ќе помогнат на нашите сограѓани, пред се на нашите деца, бидејќи сите се согласивме дека најисплатливите вложувања, се всушност вложувањата во нашиот подмладок, во нашиот темел, односно во нашите деца. Ќе направиме максимално се, за да обезбедиме што подобри услови за нивен поправилен развој и подобар успех во нивниот живот, рече градоначалникот Јаневски.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK