AMD Strela

 

Непознат возач повредил двајца во Подареш и побегнал

Непознат возач повредил двајца во Подареш и побегнал
Објавено на: 31 Oct 2019

Вчера во 18:45 часот е пријавено дека во село Подареш, Радовишко, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Сеат“, управувано од засега непознато лице, движејќи се по улица во селото, преминал да се движи на тротоарот и удрил во мотоцикл „Хонда“, со радовишки регистарски ознаки, кој бил застанат на тротоарот и во моментот на него било лицето В.А. (65) и во пешак С.М. (58), двајцата од село Подареш, по што возачот на возилото го напуштил местото на незгодата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.А. и С.М., кои се пренесени во Клинички центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот.

Извор: Соопштение на СВР Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK