AMD Strela

 

Во Градашорци по дванаесетти пат се одржа Празијадата

Во Градашорци по дванаесетти пат се одржа Празијадата
Објавено на: 03 Nov 2019

Денес населеното место Градашорци беше домаќин на Манифестација Ден на празот, која во организација на општина Василево дванаесет години по ред успешно ја пренесува пораката за највкусниот, најровкиот и воопшто најдобриопт праз во државата и пошироко. Многубројните гости меѓу кои и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,Трајан Димковски, ги поздрави домаќинот на манифестацијата, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

„Преку денешната манифестација, како локална самоуправа која се грижи за своите граѓани,  праќаме порака до целокупната јавност дека сме подрачје во кое се произведува  вкусна, квалитетна и пред се здрава храна. Но денес сме овде заради празот, градашорскиот, несомнено најдобриот не само во државата туку и пошироко“, им порача градоначалникот Јанев на многубројните посетители.

Свое обраќање имаше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој меѓу другото рече дека оваа манифестација е една од 57-те манифестации  кои се одржуваат во државата кои добиваат и во иднина ќе добиваат финансиска  поддршка од Министерство со цел  да се даде значење не само на производот туку и зради нивното социјални значење кон земјоделците и кон останатите учесници кои преку својата вклученост ги одржуваат нашите традиции.

Големата трпеза од стотина специјалитетите од праз, подготвени од локалните домаќинки, традиционално,  привлече огромно внимание и интерес кај присутните кои имаа можност да дегустираат но истовремено и да донираат средства. Втора година по ред манифестацијата има хуманитарен карактер. Од страна на организаторот на повеќе места беа поставени кутии за донации. Собраните средства ќе бидат донирани на лице на кое му е неопходна финансиска помош.

Со свои изработки кои исто така беа наменети за продажба а средствата наменети за хуманитарни цели се претставија и основците од општината.

Бројните посетители  уживаа во Програмата подготвена од  учениците од општинските основни училишта, изведбите на културно уметничките друштва „Сушевски Бисери“ од Сушево и  „Тримери“ од  Струмица, како и забавниот дел за кој беа задолжени музичарите од Стакато бенд.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK