AMD Strela

 

Заев:Струмица вечерва ечи, полната сала ја охрабрува цела држава да продолжи по прав пат!

Заев:Струмица вечерва ечи, полната сала ја охрабрува цела држава да продолжи по прав пат!
Објавено на: 03 Nov 2019

„Бев во целиот свет, но само дома си е дома, најубаво е во Струмица“, со овие зборови претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го започна своето обраќање во преполната сала во Струмица, на граѓанската трибина „На прав пат“.

-Секогаш од овде ја црпам енергијата, од мојот град, од моите сограѓани. Вие сите ми ја давате позитивната енергија. Памети Струмица како сакаа духот да ни го уништат за време на режимот, но секогаш наоѓавме начин да изнедриме нова сила. Оваа полна сала вечерва испраќа силна порака, Стрмица била, Струмица е и Струмица ќе продолжи по прав пат. Ја охрабруваме целата дежава да продолжи по прав пат, рече претседателот Заев во обраќањето.

„Струмица памти како сакаа да и го убијат европскиот дух, но таа стануваше се похрабра. Не забораваме кога бевме како казнети, но денес Струмица се развива и е пример за модерен европски град“, порача претседателот Заев пред струмичани на граѓанската трибина „На прав пат“.

Заев истакна дека во ова време кога сме на одлуки како да продолжиме натаму, додека целиот свет и сите европски лидери жалат за историската грешка само Мицкоски и неговиот ментор Груевски се радуваат.

И додека прават тајни пактови за други земји тврдат дека ќе ја носат ЕУ на брза лента. Каде им беше таа брза лента 11 години, Дали цели 11 години им беше расипана? Па на најспоро да им беше вклучена, досега ќе бевме дел и од ЕУ и НАТО. Ама единствената лента на ВМРО-ДПМНЕ која експресно работеше, беше таа што од џебовите на граѓаните одеше до нивните џебови, порача Заев пред преполната спортска сала во Струмица

„Додека ги решивме децениските проблеми, паралелно работевме и дома, докажавме дека имало пари во државата. Го спроведуваме концептот парите кај граѓаните, затоа што граѓанинот за нас е центар на внимание а не споминикот, врбата“, порача претседателот Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струмица.

-Ја зголемивме минималната плата од 9.000 денари на 14.500 за само две години. Тоа кај секој работник кој добива минимална плата носи по 66.000 денари годишно. Тоа е ваѓно затоа што ја отвора спиралата на раст на сите плати. Определивме 2,4 милијарди денари за да ги поддржиме покачувањата на платите, преку плаќање на придонесите за секој што ќе ја покачи платата. Конечна цел е сите плати во државата да растат, истакна Заев.

„На двапати ги покачивме платите во образованието. Ги покачивме платите во здравството, армијата, полицијата, во детските градники. Во периодот пред нас има ново покачување, затоа што има пари да вложиме во граѓаните. Уште едно покачување следува на вработените во културата. Во армијата по 7.000 денари ќе добиваат сите вработени за решавање на станбеното прашање. На прав пат сме, во 2020 да постигнеме 30.000 денари просечна плата онака како што ветивме.“

-Јас сум од земјоделски крај и горд сум што можам да ги погледнам во очи поради се што направивме во изминатите 2 години за нив и за оваа значајна гранка, рече претседателот Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струмица.

„Дали понавреме некогаш имало субевнции од сега? Дали некогаш имало поголеми износи на субвенции од денеска. Дали некогаш имало поголем пласман и поголеми откупни цени за земјоделските производи? Немало. Во споредба со минатите 11 години имаме голем напредок, големи успеси. Граѓаните го знаат тоа, земјоделците пред се. Тоа е прав пат. Затоа продолжуваме по вистинскиот пат“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

На трибината зборуваа и министерот за здравство, Венко Филипче, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов и директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK