AMD Strela

 

Отворени нови простории за целодневен престој на деца

Отворени нови простории за целодневен престој на деца
Објавено на: 04 Nov 2019

Во адаптираните простории во објектот на поранешното средно училиште „Јахја Кемал“, а сега Клон 5 на градинката „Детска радост“, од денеска ќе престојуваат околу 120 деца во три групи. Обезбедени се соодветни просторни услови, опрема и дидактички средства, вработени се стручни кадри кои ќе се грижат за воспитно – образовниот процес на децата.

-По позитивното искуство од минатата година со отворањето на една група за целодневен престој на околу 50 деца во Клон 2 на градинката „Детска радост“ што ни беше како пробен проект и зголемениот интерес на родителите од ваков вид на згрижување на нивните деца, од денеска во функција ставивме и нови простории за целодневен престој на деца од 6 до 10 години, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK