AMD Strela

 

Благодарница од општина Дојран за Жулиета Ѓуркова

Благодарница од општина Дојран за Жулиета Ѓуркова
Објавено на: 08 Nov 2019

За време на одбележувањето на Денот на ослободувањето на општина Дојран, на 5 ноември, градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов додели Благодарница за придонес и помагање во развојот на економскиот локален развој на Раководителот на Центарот за развој за Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова.

На свеченото доделување, Ѓуркова го честиташе празникот на сите дојранчани и истакна дека почетоците на Центарот беа значајни токму за општина Дојран со спроведувањето на еден од првите проекти на Центарот „Ревитализација на дел од крајбрежјето на Дојранско езеро - Стар Дојран“ .

Имено во 2015 година проектот „Ревитализација на дел од крајбрежјето на Дојранско езеро - Стар Дојран“ доби прва награда за Најиновативен регионален проект 2009/2014 во целата држава од страна на Министерството за локална самоуправа, Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската Агенција за соработка и развој.

На крај Ѓуркова истакна дека досега Центарот има имплементирано голем број на проекти за развој на туризмот во Дојран, соработката со општината ќе продолжи со цел да се спроведуваат и планираат идни проекти кои ќе придонесат Дојран да биде посакувана дестинација од страна на сите домашни и странски туристи.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK