AMD Strela

 

Жител на Рич запалил паркиран автомобил во Струмица

Жител на Рич запалил паркиран автомобил во Струмица
Објавено на: 08 Nov 2019

Секторот за внатрешни работи Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против К.Ј (26) од село Рич,порад постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело “Предизвикување општа опасност“.

Пријавениот на 5 номеври околу 00:01 часот, движејќи се пеш по улица “Панче Пешев“ во Струмица, во  незаклучено  паркирано патничко моторно возило предизвикал пожар, по што побегнал од местото на настанот.

Веднаш по пријавување на настанот во од страна на полициски службеници по овластување на јавен обвинител излезено е на лице место. Во меѓувреме со благовремената интервенција ТППЕ Струмица го изгаснала пожарот и спречила понатамошно проширување.

Од страна на полициски службеници во СВР-Струмица, превземени се оперативни активности за пронаоѓање на можниот извршител на кривичното  дело.  На 5 ноември пријавениот е забележан од полициски службеници и  при превземање на полициски овластувања  е лишен од слобода.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица подготвена е кривична пријава и доставена  во ОЈО-Струмица.

Извор: Соопштение на СВР-Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK