AMD Strela

 

Одбележана годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Струмица

Одбележана годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Струмица
Објавено на: 04 Feb 2020

Општина Струмица денеска ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. Пред неговиот споменик на истоимениот плоштад се одржа пригодна свеченост на која за неговиот живот и дело зборуваше градоначалникот Коста Јаневски, членови на рецитаторската секција од основното училиште „Гоце Делчев“ од Вељуса рецитираа револуционерна поезија, а беше положено и свежо цвеќе.

-Голем е денешниот ден затоа што е голем човекот кој се родил во него. Генерации и генерации Македонци му се поклонувале и уште многу генерации ќе му се поклонуваат во иднина. Бесценет е неговиот влог во македонското револуционерно дело, оти еден е Гоце Делчев, човекот кој и денес не собра за да му ја покажеме нашата љубов, внимание и почит, нашето големо „благодарам“ за се што стори во својот краток но исклучително делотворен живот.
Дури и по 148 години од неговото раѓање, таа наша гордост и тој наш жар со кој го спомнуваме и го негуваме неговиот живот и дело, никако не стивнуваат. Гоце Делчев како голем народен трибун и апостол на македонското револуционерно движење, тоа го заслужува, бидејќи не задолжи сите нас со своите херојски и визионерски активности за иднината на Македонија, истакна градоначалникот Јаневски.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK