AMD Strela

 

Во голем пожар изгоре погон за мебел

Во голем пожар изгоре погон за мебел
Објавено на: 31 Jan 2020

Денес во 09:22 часот, во објектите кај Ракиџиски мост, во поранешниот комплекс на ЗИК „Струмица“, кој се наоѓа на стариот пат од излезот на Струмица кон Радовиш, избувна голем пожар во кој целосно изгоре погон за производство на мебел.

ТППЕ Струмица го гаснеше пожарот со 20 пожарникари и со 5 против пожарни возила и 1 возило од ППЕ Радовиш, едно од Ново Село и цистерна на ЈПКД „Комуналец“.

Во објектите беа сместени повеќе фирми кои имаат свои магацински простори, сервис, буриња со моторно масло, работилници и погон за мебел.

Пожарот е локализиран и се работи на негова целосна ликвидација.

Причинета е голема материјална штета, а причните за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK