AMD Strela

 

Општина Струмица продолжува со парична помош за секое новороденче

Општина Струмица продолжува со парична помош за секое новороденче
Објавено на: 31 Jan 2020

Општина Струмица и оваа година ќе продолжи со доделување на еднократна парична помош за секое новороденче на Одделението за гинекологија и акушерство во болницата во Струмица.

Еднократната помош изнесува 3.000 денари, а ќе ја добијат полнолетни родилки со постојано место на живеење на територијата на општина Струмица.

Предлог одлуката беше усвоена на последната седница на Советот којашто се одржа на 29 јануари.

Лани ваква помош им беше доделена на 319 новороденчиња.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK