AMD Strela

 

Пресудата за убиството на Иљашев ќе биде соопштена в четврток

Пресудата за убиството на Иљашев ќе биде соопштена в четврток
Објавено на: 03 Feb 2020

Во Основниот суд во Струмица в четврток, на 6 февруари, ќе биде соопштена пресудата за Марјанчо Велев (54) од струмичкото село Добрејци, кој е обвинет за убиство извршено на 7 мај лани врз струмичанецот Ристо Иљашев.

Ова го соопшти судијката Цона Каламерникова по завршувањето на последното рочиште од судењето на кое беа дадени и завршните зборови на обвинителството и одбраната на обвинетиот.

Обвинителството побара од судот да го прогласи обвинетиот Велев за виновен и да му изрече казна за стореното дело, бидејќи тој бил пресметлив и свесен за ивршеното дело.

Според адвокатите на Велев, обвинителството нема докази дека тој е извршител на убиството врз Иљашев, а обвинитетиот во својот завршен збор рече дека е невин и ја поддржува одбраната на своите бранители.

 

 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK