AMD Strela

 

Дваесет години затвор за убиецот на Иљашев

Дваесет години затвор за убиецот на Иљашев
Објавено на: 06 Feb 2020

Марјанчо Велев (54) од струмичкото село Добрејци е прогласен виновен за убиството на струмичанецот Ристо Иљашев и е осуден на казна затвор во траење од 20 години.

Одлуката на Судскиот совет при Основниот суд во Струмица ја соопшти денес судијката Цона Каламерникова, која истакна дека дека на 7 мај лани на подмолен начин Велев го лишил од живот Иљашев. 

Образложи дека по средбата во Струмица со своето возило  Велев го однел на Иљашев во неговата работилница во село Добрејци и со малокалибарско оружје му пукал во пределот на тилот. Потоа го завиткал телото на покојникот во фолија и го ставил во буре во кое ставил 13 метални дискови, го засекол бурето на две места за да може да влезе вода во него и го фрлил во браната „Турија“. 

Од семејството на убиениот Иљашев изјавија дека не се задоволни од пресудата и очекува казна доживотен затвор.

Одбраната на Велев ќе поднесе жалба на пресудата и очекува Апелацискиот суд да ја врати постапката назад за да се преземат други дополнителни дејства пред да се донесе конечна пресуда за овој предмет.

-Сметаме дека потполно друг човек е убиец, човек кој не е од Струмица, не е од овој крај, кој не ја познава околината, ниту езерото, туку само технички професионално ја завршил работата, рече адвокатот Душко Јанковиќ.

Полицијата го сомничи Марјанчо Велев дека е сторител и на уште едно убиство врз шеесет и две годишниот А.М.,извршено на 9 октомври 2018 година, а телото на убиениот затворено во камионски резервоар за гориво беше извадено од браната „Турија“ на 5 август лани. 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK