AMD Strela

 

Општина Струмица е подготвена за дигитализацијата на јавните услуги

Општина Струмица е подготвена за дигитализацијата на јавните услуги
Објавено на: 10 Feb 2020

Општина Струмица денеска беше домаќин на четвртата јавна трибина за Дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија. Со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претставници на бизнис секторот и здруженијата на граѓани пред присутните се говореше за значењето на дигитализацијата и бенефитите што од неа ќе ги имаат граѓаните.

-Општина Струмица е подготвена да ги заврши своите обврски во дигитализацијата на јавните услуги, односно, да направи се за да може овој систем адекватно да се презентира и во иднина да се користи од нашите сограѓани. Обучивме двајца наши претставници од Одделението за услуги на граѓаните и месната самоуправа коишто секојдневно ќе бидат на услуга на граѓаните околу првичните потреби за апликација, регистрирање и информации од секаков тип во врска со овие олеснувања кои благодарение на министерството за информатичко општество се креираат и промовираат, а се во интерес на граѓаните, истакна градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Во своето обраќање министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски подвлече дека се работи на развивање на електронскиот упис на деца во градинки, а следниот проект ќе биде електронско запишување на децата во училиштата и ред други услуги и документи кои се потребни на граѓаните. Притоа истакна дека во моментот се нудат 128 електронски услуги од кои 70 постоеле од претходно, но биле на различни места и сега се наоѓаат на Националниот портал за електронски услуги и 58 се нови услуги.

Како дигитализацијата на јавната администрација ќе ја олесни работата на бизнис заедницата говореше Глигор Ризов, од компанијата „Source MX“, а на трибината се обрати и Мими Табанова, претседателка на Здружението за локална демократија „Центар на заедницата“ од Струмица.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK