AMD Strela

 

Општина Струмица формираше Координативно тело за имплементација на проектот „Планирање на одржлива мобилност во општина Струмица“

Општина Струмица формираше Координативно тело за имплементација на проектот „Планирање на одржлива мобилност во општина Струмица“
Објавено на: 11 Feb 2020

Планирањето на мобилноста на локално ниво е замислено како алатка со која локалните самоуправи ќе го подигнат нивото на планирање во областа на урбанизмот и сообраќајот од една страна, а од друга ќе им помогнат на граѓаните да се издигнат на ниво на повисок ранг според мерките за одржлива економија и напредна технологија, пристапност, функционална полицентричност и развиен урбан идентитет. Ваквото планирање е наметнато поради големата урбанизација која како процес уште во првата деценија од 21 век го помина прагот од 50% население кое живее во градовите и има тренд на понатамошен раст, па се верува дека до 2050 година во градовите ќе живее 70% од населението.

Поради современиот начин на живот, многу градови се соочуваат со штетното влијание на сообраќајните процеси пресликано низ автоцентричноста, сообраќајниот метеж, низ недостаток на места за паркирање и зелени површини, што, пак, сè заедно влијае на економските, еколошки и здравствени аспекти на општеството (животната средина, здравјето и безбедноста на граѓаните).

Во Република Северна Македонија, општините се погодени од депопулација и демографско стареење, регионални диспаритети, проблеми со урбаната култура, проблеми со културата на безбедноста во сообраќајот, проблеми во врска со заштитата на животната средина, вклучително и климатските промени. Исто така, на национално ниво е препознаена проблематиката на бесправна изградба и слаба техничка и социјална инфраструктура. Со цел да се намалат тие разлики и да се подобри состојбата на терен, потребни се заеднички напори на јавните чинители на сите нивоа на локалната власт, како и учество и на приватниот и на невладиниот сектор.

Во општинското Координативно тело за имплементација на проектот, формирано по иницијатива на ЗЕЛС и ГИЗ, се вклучени јавни чинители на сите нивоа на локалната власт, како и претставници од приватниот и невладиниот сектор. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK