AMD Strela

 

Струмичките спортски клубови ќе добијат над 22 милиони денари од ваучери

Струмичките спортски клубови ќе добијат над 22 милиони денари од ваучери
Објавено на: 11 Feb 2020

Струмичките спортск клубови ќе добијат 22,4 милиони денари од ваучерите, кои Агенцијата за млади и спорт ги доделува за 2020 година.

Од струмичките спортски колективи најмногу пари ќе добие фудбалскиот прволигаш-Академија Пандев со 9.800.000 денари, потоа ФК „Беласица“ – 1.900.000 денари, женскиот ФК „Тиверија“ – 1.500.000 денари, додека ФК „Тиверија“ - 150.000 денари.

Кај одбојкарските екипи најголема сума доби актуелниот шампион ОК „ЏИО Струмица“ – 4 милиони денари, ОК „Наковски Волеј“ – 1.600.000 денари, ОК „Виктори Волеј“ – 1.400.000 денари, додека ОК „Македонија Макс“ – еден милион денари.

Ракометарите на  РК „Астраион“ добија 850.000 денари, а кај индивидуалните спортови, Атлетксиот клуб „Струмица“ доби 60.000 денари, додека Пинг понгарскиот клуб „Струмица“ – 50.000 денари.

Во Б група – неолимписки спортови, Кик Бокс клубот „Тим Зоран“ од Струмица доби 100.000 денари.

Со ваучерите компаниите можат данокот на добивка наместо да го платат на државата да го инвестират во развој на спортот, односно да го вложат во спортски клуб или спортист.

 

 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK