AMD Strela

 

Струмица ќе се претстави на Меѓународниот саем за туризам во Софија

Струмица ќе се претстави на Меѓународниот саем за туризам во Софија
Објавено на: 12 Feb 2020

Во периодот од 13 до 15 февруари, Струмица ќе учествува на еден од најголемите туристички настани на Балканот, во друштво на повеќе од 350 изложувачи од регионот и над 20.000 посетители. Општина Струмица ќе го промовира Брендот Струмица, претстојниот Струмичкиот карневал и туристичката понуда на хотелите од Дестинација Струмица на Меѓународниот саем за туризам „Holiday & SPA Expo” во Софија, Република Бугарија.

Во текот на тридневниот настан општина Струмица, заедно со претставници на хотел „Вила Парк”, комплекс „Лебедово Езеро” и хотел „Термал лукс и спа“ ќе ги промовираат своите туристички потенцијали и капацитети, но и на новите производи и услуги. Посебна цел на саемската промоција на Струмица е привлекување на нови туристи и посетители од Бугарија на овогодинешниот Струмички карневал кој ќе се одржи на 29 Февруари.

 Во рамки на саемската манифестација ќе учествуваат компании, водечки туристички агенции и претставници на туристички дестинации од над 25 земји од светот, со што овој настан претставува одлична можност за воспоставување нови врски и партнерства помеѓу бугарските туристички агенции и струмичките хотели,  размена на искуства и добри практики помеѓу чинителите во туристичкиот сектор како и промоција на нови производи и услуги.

 Учеството на општина Струмица на Меѓународниот саем за туризам „Holiday & SPA Expo” се реализира во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“ - ToCulter, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014-2020. 

Извор: Соопштение на општина Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK